Средно училиште на град Скопје
 

   Струки
 
 
 
 
 
 
Струки
Вкупно 1 Прикажани: Струки.    Страна број: 1  од вкупно 1   
Струки
ИЗЛЕЗНО ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ  
 
Околу 1100 редовни ученици на возраст од 14 до 18 години и голем број 
вонредни ученици од сите возрасти годишно ја следат наставата во 
СУГС “Лазар Танев”.

Во училиштето се образуваат и оспособуваат кадри за следниве профили:
Редовно образование:
 
тригодишно образование
  • келнер
  • готвач
  • слаткар
  • пекар
Четиригодишно образование
  • хотелско-туристички техничар
  • угостителски техничар

Вонредно за овие занимања се образуваат и ученици кои  не ја следат редовно наставата 
специјалистичко образование

 

  • келнер специјалист
  • готвач-специјалист
  • слаткар-специјалист
  • бармен-специјалист
 Образовно-работната практика опфаќа настава, професионална 
практика и феријална практика, која се одвива во училиштето, во 
угостителски објекти и туристички агенции кои одговараат на 
стандардите за угостителство и туризам пропишани со законот.


ОБРАЗОВЕН ВЛЕЗ

Вклучувањето на кандидатите во училиштето ќе биде насочено според
следниве услови: 
 

Основен влез

  • завршено основно образование
  Дополнителни влезови
  • соодветни психофизички способности и карактеристики неопходни за струката
  • сродни други струки и гимназиско образование со полагање дополнителни и диференцијални испити (оние предмети кои се застапени во саканиот профил, а не се изучуваат во претходното образование)
 Вонреден ученик може да биде лице кое исполнува еден од условите:
  • да е постар од 17 години
  • да е во работен однос
  • да го изгубил статусот на редовен ученик.

Запишувањето на ученици се врши по пат на конкурс што го објавува 
Министерството за образование во средствата за јавно
информирање. 

 
ПРООДНОСТ

Можностите за хоризонтална проодност во образовни профили 
од иста или сродна струка и можностите за постсредно и високо 
стручно образование се следниве:
 

од профил со тригодишно образование (келнер, готвач и слаткар) по
пат на доквалификација, преку вонредно школување на ист 
образовен профил од оваа струка на ниво на специјалистичко 
едногодишно образование (специјалист готвач, специјалист келнер, 
специјалист слаткар и специјалист бармен);
 
од образовен профил со тригодишно образование (келнер, готвач и 
слаткар) преку преквалификација на различен профил од исто ниво 
од угостителско-туристичката струка;
 
од образовен профил хотелско-туристички техничар со четиригодишно 
образование со вонредно школување на сите образовни профили од 
тригодишно образование;
 
од тригодишно образование (келнер, готвач и слаткар) со вонредно 
школување преку преквалификација на образовен профил 
хотелско-туристички техничар;
 
од сите образовни профили од тригодишно и четиригодишно 
образование преку преквалификација на други струки и профили;
од четиригодишно образование (хотелско-туристички техничар) преку 
редовно или вонредно школување со доквалификација на вишо 
и високо соодветно образование;
 
од четиригодишно образование (хотелско-туристички техничар) на 
други факултети (економски, правен, филолошки и слично) со 
редовно и вонредно школување.

Општата цел на училиштето се конципира на образување, 
воспитување и продуцирање кадар за задоволување на потребите на 
угостителството и туризмот.
Целта на училиштето е со својата целокупна активност да ги 
оспособи учениците за развојниот пазар на оваа дејност. Целокупната 
активност на училиштето се насочува кон прилагодување на работата 
кон индивидуалниот развој на учениците, нивната мотивираност, 
способности, желби, афинитети, потреби и нивно оспособување за 
продолжување на образованието и културното издигнување.
 
 
 
 
 
 


        

mk   en  

 
Работно време на референт за вонредни испити
одговорен наставник
Тодоровска Јагода

ПОНЕДЕЛНИК 09 - 14:00h
ВТОРНИ  9:00 -14:00h
СРЕДА  12:00 -17:00h
ЧЕТВРТОК  12:00-17:00h
ПЕТОК 09:00 - 14:00

Запишување и пријавување
на испити може да се
врши тука и во библиотека
Освоено 3-то место во проектот на Култур Контакт Австрија за Одржлив развој во туризмот



 

 

 
Средно Училиште на Град Скопје ''Лазар Танев'' Скопје