Средно училиште на град Скопје
 

   За нас
 
 
 
 
 
 
За нас
Вкупно 4 Прикажани: За нас.    Страна број: 1  од вкупно 1   



За нас
Средното училиште на Град Скопје "Лазар Танев" е најголемо средно стручно училиште во нашата земја кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Македонија.
 
Годишно, тука се образуваат околу 1100 редовни ученици за: келнер, готвач, слаткар и пекар со тригодишно образование и хотелско-туристички техничар со четиригодишно образование.


        Во училиштето се образуваат и поголем број ученици со вонредно образување за сите образовни профили поврзани со угостителско-туристичката дејност, како и со специјалистичко образование: готвач-специјалист, слаткар-специјалист и келнер-специјалист.
 
Имајќи ги во предвид местоположбата, комуникациските врски и природните убавини со кои изобилува Република Македонија, таа се повеќе прераснува во земја која може да пречека голем број домашни и странски туристи. Туристичката индустрија е од врвно значење за нашата земја и е еден од главните приоритети за нејзин социјален, економски и културен развој.
        Првиот контакт на странските посетители со земјата е преку кадрите од полето на угостителско-туристичката индустрија, кои на туристите им даваат првични информации за карактеристичните одлики на земјата, за културно-историските споменици, природните убавини, националната кујна и за нејзината гостопримлимивост.
        Од ова произлегува потребата за добро обучени професионаци со широко општо образование и со модерна практична обука.
        Целокупната воспитно-образовна дејност во училиштето е насочена кон продуцирање кадар кој во целост ќе ги задоволи барањата на современото угостителство и туризам, обезбедувајќи максимално поволни вредности на стручност и прилагодливост на пазарот.

В И З И Ј А

Визијата на нашето училиште ќе се базира на компоненти кои произлегуваат од иницијативи, согледувања и договори со сите структури на внатрешното и надворешното окружување. Визијата на нашето училиште ја градиме пред се тимски, поаѓајќи од принципите на припадност и поврзаност на колективот кон остварувањето на заедничката цел на училиштето.

Поаѓајќи од досегашните резултати постигнати во нашето училиште и моменталната состојба, а благодарение на професионализмот кај наставниот кадар визијата на нашето училиште ја дефинираме како:

- Нашето училиште го гледаме како современо, европско, модерно училиште, полно со професионализам, креативност и сигурен развој кон светски најелитните училишта за оспособување на угостителски и туристички кадар, за потребите на пазарот на трудот во Република Македонија и пошироко 

М И С И Ј А

Основната општествена улога и мисија на училиштето е да образува ученици со квалитетни и доживотни знаења, умеења, вештини и навики како и способности за совладување на современата технологија, да образува стручни кадри оспособени за примена на научните достигнувања во практиката, за творечко и одговорно однесување спрема работата, средината, општеството и спрема самите себе.

            Мисијата на училиштето ќе се движи во насока на воспитување на младите за одговорно лично и општествено живеење според принципите на демократичноста, толерантноста, конструктивноста, трпеливоста, меѓусебното разбирање, иницијативноста, критичноста и способноста.           

Во градењето на визијата очекуваме развивање на нашето училиште во отворена и современа воспитно образовна организација, која што ќе одговори на потребите на нашите ученици и на потребите на пазарот на трудот.

Во училиштето се образуваат и оспособуваат кадри за следниве профили:

- угостителско-туристичка струка:

            тригодишно  образование

-          келнер

-          готвач

-          слаткар

            четиригодишно образование

-          хотелско-туристички техничар

            специјалистичко  образование

-          келнер-специјалист

-          готвач-специјалист

-          слаткар-специјалист

-          бармен-специјалист

 

- хемиско-технолошка струка:

            тригодишно  образование

-          пекар

ПРООДНОСТ                                                                                         6

            Можностите за хоризонтална проодност во образовни профили од иста или сродна струка и можностите за постсредно и високо стручно образование се следниве:

-          од профил со тригодишно образование (келнер, готвач и слаткар) по пат на доквалификација, преку вонредно школување на ист образовен профил од оваа струка на ниво на специјалистичко едногодишно образование (готвач -специјалист, келнер-специјалист, слаткар-специјалист и бармен-специјалист);

-          од образовен профил со тригодишно образование (келнер, готвач и слаткар) преку преквалификација на различен профил од исто ниво од угостителско-туристичката струка;

-          од образовен профил хотелско-туристички техничар со четиригодишно образование со вонредно школување на сите образовни профили од тригодишно образование;

-          од тригодишно образование (келнер, готвач и слаткар) со вонредно школување преку преквалификација на образовен профил хотелско-туристички техничар;

-          од сите образовни профили од тригодишно и четиригодишно образование преку преквалификација на други струки и профили;

-          од четиригодишно образование (хотелско-туристички техничар) преку редовно или вонредно школување со доквалификација на вишо и високо соодветно образование;

-          од четиригодишно образование (хотелско-туристички техничар) на други факултети (економски, правен, филолошки и слично) со редовно и вонредно школување.

И С Т О Р И Ј А Т
Средното училиште на Град Скопје “Лазар Танев”, е основано 1949 година со решение на Владата на НРМ по предлог на Комитетот за угостителство и туризам. При формирањето се мислело училиштето да квалификува КВ кадар за угостителство од сите профили: келнери, готвачи и слаткари. Бројот на учениците во првите години бил мал, а со зголемувањето на потребите од угостителски кадар се зголемувал и бројот на учениците. 
        Училиштето работело една учебна година во Охрид, потоа во Битола, а од 1950/51 во Скопје на ул. Огњан Прица бр. 5. 
        Од октомври 1986 Центарот се префрли во адаптираните простории на поранешното основно училиште “Владо Тасевски”, каде што и денес се наоѓа.
        На 28.03.2006 година настанува промена на името на училиштето (Средно училиште на Град Скопје “Лазар Танев”) и истото преминува во надлежност на Град Скопје.
        Од учебната 2008/2009 година се отвори паралелка од хемиско-технолошката струка од образовниот профил пекар.
 

П Р О С Т О Р И И   И  О П Р Е М А

Училиштето располага со 4600 м2 корисна површина. Воспитно-образовниот процес се одвива во добро уреден екстериер и ентериер, во два објекта: монтажен објект кој работи во една смена и ѕидан дел кој работи во две смени.

        Училиштето располага со:

  • 25 кабинети по теоретска настава опремени со голем број технички средства и помагала, кои ја осовременуваат наставата, нагледни средства и помагала, графоскопи, ТВ приемници и видео и ДВД апарати, компјутери, ЛЦД проектори, печатачи, касетофони...
  • 7 кабинети по практична настава опремени со угостителско-хотелиерска опрема, компјутери, софтвер, рекламни материјали...
  • информатички кабинети (за ученици и за наставници)
  • библиотека
  • фискултурна сала
  • канцеларии
  • сали за прием
  • производни работилници
  • спортско игралиште
и се друго што е потребно за едно современо училиште.

 
Н А С Т А В Е Н  И  Д Р У Г   К А Д А Р
Во училиштето работат 60 професори и инструктори, директор и помошник директор, референт за ученички прашања, педагошко-психолошка служба, административна служба и технички персонал - вкупно 75 вработени.
        Сите професори имаат соодветно стручно и педагошко образование кое постојано го надградуваат со посетување на разни обуки и курсеви за нивно понатамошно усовршување.
        Нивна основна цел е подобрување на наставниот процес што води кон стекнување на добро и модерно образование кое е потребно за создавање на обучени и способни кадри во угостителско-туристичката индустрија.

А К Т И В Н О С Т И
Во рамките на воннаставната дејност на училиштето спаѓаат следниве активности:
  • работата на ученичките секции, клубови, заедници
  • младинската организација
  • учество на натпревари, саеми, презентации
  • учество на разни манифестации во градот
  • ученички екскурзии
  • одбележување на историски, културни и актуелни настани
 
Во склоп на слободните ученички активности училиштето и учениците се носители на голем број награди, пофалби , благодарници, златни, сребрени и бронзени медали, пехари во државата и надвор од неа, како и највисоката 13-Ноемвриска награда на Град Скопје.
 
 
С О Р А Б О Т К А
  Училиштето има развиена соработка на:
  • Локално ниво - со социјаните партнери и установи од струката меѓу кои: со угостителско-туристичкита дејност во градот преку изведување на практична настава на нашите ученици во нивните објекти, со Стопанската комора на РМакедонија, со Занаетчиската комора на Град Скопје, со општината Карпош, со Градското собрание и со Кабинетот на градоначалникот.
  • Републичко ниво - со други училишта (со угостителско-туристичките училишта во Република Македонија и со Заедницата на средни училишта во градот и општината), стручни институции (ученичките домови, интернати и домови за деца без родители каде што престојуваат наши ученици), Министерството за образование и
  • Меѓународно ниво - нашето училиште е член на Европската асоцијација на училиштата за угостителство и туризам (АЕХТ) преку која се отвараат нови можности за развој на разни активности и соработка.

    Преку ФАРЕ (ГОПА) програмата воспоставена е соработка со угостителско-туристичкиот оддел на Техничкиот колеџ од Алборг - Данска.

    Обновена е соработката со ЕУХОФА (Светска организација на угостителски училишта).

    Плодна соработка со американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и учество во проектот СЕА (активности во средното образование), со Украинската амбасада, за размена меѓу Украина и
    Република Македонија, со Американската и Британската амбасада, со цел учениците да го усовршат јазикот.

    eTwinning - Заедница на училиштата во Европа
  •  
 
 


        

mk   en  

 
Работно време на референт за вонредни испити
одговорен наставник
Тодоровска Јагода

ПОНЕДЕЛНИК  12:00 -17:00h

ВТОРНИ       9:00 -14:00h

СРЕДА         9:00 -14:00h

ЧЕТВРТОК        9:30 -13:00h

Запишување и пријавување
на испити може да се
врши тука и во библиотека
Освоено 3-то место во проектот на Култур Контакт Австрија за Одржлив развој во туризмот



 

 

 
Средно Училиште на Град Скопје ''Лазар Танев'' Скопје